Унгарија и Полска се за рамномерно распределување на парите на Европската Унија

Унгарскиот и полскиот примиер, Орбан и Моравиески, ќе вршат притисок за поправилна распределба на финансиите на ЕУ. Двајцата примиери го соопштија тоа по состанокот на Вишеградската група во Чешка за економското закрепнување по пандемијата. Полскиот премиер, Матеуш Моравиески, рече дека побогатите земји-членки треба да одвојуваат повеќе за во буџетот на ЕУ, Орбан, пак вели, дека Унгарија би можело да го поддржи планот на ЕУ за распределба на пари доколку неправедно не ги фаворизира богатите земји. Очајните времиња повикуваат очајни мерки вели Орбан

  • „Можеме да го прифатиме тоа. Ние гледаме на тоа позитивно, но потребни се многу промени .
    Апсурдно е богатите земји да добиваат повеќе пари отколку сиромашните и дека тоа мора да се промени. Богатите земји треба да дадат повеќе“- вели Виктор Орбан-премиер на Унгарија.

Сегашниот предлог на ЕУ за Орбан е дискриминирачки. Унгарскиот премиер, исто така, повика на поголема флексибилност во користењето на средствата од секоја земја според нивните посебни потреби. Системот што има пропусти треба да се заборави, вели Орбан посочувајќи го британскиот пример.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста