УЕФА УТРЕ ГО МЕНУВА МЕСТО ЗА ФИНАЛЕ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Многу можно е Европската фудбалска асоцијација во последен миг е да го смени местото на одржување на финалето од Лигата на шампионите и наместо во Истанбул дуелот за круната да се игра во Англија. Медиумите од островот пишуваат дека утре ќе падне конечната одлука според која дуелот на Манчестер Сити и Челзи ќе се игра во Лондон и тоа пред 22 и пол илјади гледачи. Причината за ваквата драматична промена е протоколот за пандемијата односно тоа што Турција се наоѓа на црвената листа на британската влада и ако тој меч треба да се игра на Босфорот двете екипи со сите свои членови ќе мора да одат во карантини што ќе го проблематизира учеството на многу играчи на Европското првенство.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста