УЕФА РАЗМИСЛУВА НА ЕП ДОГОДИНА ДА НЕ ДОЗВОЛИ ПРИСУСТВО НА ПУБЛИКА

Додека дел од екипите се во исчекување на завршните борби за место за завршниот турнир, од УЕФА размислуваат за она што им претстои следното лето, ЕП во фудбал во време на пандемија. Првиот човек на оваа организација Александар Чеферин изјави дека се разгелдуваат неколку опции меѓу кои да има само 30 или 50% на посетители на стадионите во однос на нивниот капацитет, но постои и голема веројатност мечевите да се играат без присуство на  публика.

Тој  ја отфрли можноста целиот турнир да се игра во т.н меур по принципот на завршницата од НБА лигата, но напомена дека идејата 12 земји да бидат домаќини на натпрверите може да биде модифицирана, односно помал број на домаќини или пак само една земја да го организира целиот настан. Германија е една од државите за последната опција, но ќе се следи состојбата до следното лето, до оглед на тоа дека до почетокот на Европското првенство има уште осум месеци.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста