Убијците уште кријат каде е закопана малата Данка
Убијците уште кријат каде е закопано телото на двегодишната Данка Илиќ. Вчера беше погребан Далибор Драгијевиќ, брат на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен дека на 26 март ја уби малата Данка со колегата од „Водовод“, Срѓан Јанковиќ.
Во околината на неговиот гроб е ископана земја на повеќе места, каде полицијата изминативе денови трагаше по телото на убиеното девојче.
Далибор беше уапсен оти заедно со неговиот татко му помогнале на Дејан да го премести телото на девојчето од дивата депонија, каде што прво било фрлено.
При апсењето, Далибор во полиција признал дека учествувал во криењето на телото, но не сакал да им открие на инспекторите каде завршил трупот на Данка. Оваа тајна ја однел во гроб, како што пишуваат српските медиуми. Неговиот брат и таткото упорно ја кријат локацијата на телото.
Според неофицијални информации, Дејан и Раде побарале од судот да присуствуваат на погребот на Далибор, но тоа не им било дозволено. Погребот беше бојкотиран од мнозинството жители на Злот кои биле огорчени од она што го направија Драгијевиќ.