Србија се „отвара“ , почнуваат со работа кафулињата, рестораните, градинките

Од утре Србија ги отвара кафулињата и рестораните, а околу 400 фабрики ќе продолжат да работат. Единствено газдите ќе бидат одговорни за спроведувањето на мерките, а инспекциите ќе казнуваат немилосрдно.

Секојдневна дезинфекција на просториите и влезовите на објектите, растојание според мерките помеѓу гостите, вработените задолжително мора да  носат маски и ракавици, а оние кои се во директен контакт со гостите и визир. И гостите мора да носат заштитна опрема ако сакаат да влезат во угостителскиот објект.

Надлежните со порака до граѓаните да се навикнат  на новите услови. На улиците се враќаат и градските автобуси и трамваи, а се отвораат и градинките.

Кабинет на градоначалникот на Белград Животот полека се враќа во Белград и Србија, но нашите сограѓани мора да знаат дека сепак треба да се придржуваат кон пропишаните мерки. Одржувајќи ја социјалната дистанца, ние се заштитуваме себеси и другите со мерките за заштита, особено во јавниот транспорт – Андреј Младеновиќ,  кабинет на градоначалникот на Белград .

Иако надлежните ги соопштија мерките, угостителите не се чувствуваат најподготвени да работат според  мерките ако граѓаните не ги почитуваат истите.

Со олабавувањето на мерките на работа се враќаат и 42 илјади работници, а две третини од претприемачите веќе се вратени на своите работни места.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста