СО УБЕДЛИВА ПОБЕДА ПРОТИВ УКРАИНА (4-0) АНГЛИЈА ГО ЗАТВОРИ КРУГОТ ЗА 1/2 ФИНАЛЕ НА ЕП ВО СРЕДА АНГЛИЈА ИГРА СО ДАНСКА ЗА ФИНАЛЕ НА ЕВРОПСКОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО

Англија го затвори кругот на полуфиналисти на 16. Европско фудбалско првенство. Гордиот Албион синоќа во Рим ги понижи и поништи Украинците со 4-0 и се најде во второто полуфинале на шампионатот каде ја очекува Данска, која вчера порано ја надигра Чешка со 2-1. Во основа вториот ден предвиден за четвртфинале беше далеку помирен и поизвесен од петокот бидејќи Данците преку Дилејни и Долберг имаат 2-0 по 45 минути, па Шик намали на почетокот од вториот дел, но потоа и немаше многу конкретни закани, за разлика од победникот кој имаше барем уште пет ситуации се да реши предвреме. Ако Данска се грижеше до крај, Англија немаше потреба од такво нешто бидејќи преку Кејн рано поведе, па ги амортизира невпечатливите намери на Украина, а во првите 18 минути во вториот дел преку Кејн одново, Мегваер и Хендерсон стави точка на дуелот на кој беше видлива огромна разлика во квалитет, што дури и не наликуваше на меч од оваа рунда. Од овде се се сели на Вембли во Лондон, а следните натпревари на Европскиот фудбалски шампионат се полуфиналните меѓу Шпанија и Италија во вторник од 21 часот и на Англија и Данска ден подоцна во истиот термин и на истото место.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста