Заев пак тврди, дека јазикот и идентитетот не се преговара – зошто тогаш ја одбиваат резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ?!

Јазикот и идентитетот се нашата светост – за тоа не преговараме со Бугарија. И покрај документите кои веќе се појавија во јавност за тоа дека португалското решение е всушност негирањето на македонскиот јазик пред 45-тата, премиерот Зоран Заев повторно негира, со Бугарија сме имале слични но различни и посебно признаени јазици

Ако јазикот и идентитетот се бетонирани како што тврди премиерот, останува нејасно зошто патијата на власт одбива по теркот на бугарска декаларација донесена во тамошното Собрание и Македонија да ги постави црвените линии од кои нема да отстапуваме во преговорите.

И додека се оградува од преговорите за идентитетските прашања, СДСМ експресно побрза да ја одбие и резолуцијата која најави ВМРО-ДПМНЕ за поставување на македонските црвени линии.Нивниот став е дека немало потреба од тоа.  

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека ќе достават резолуција до Македонското собрание со која ќе бараат општествен консензус за да бидат исцртани позициите кои ќе се бранат во преговорите со Бугарија од кои ниту една влада не треба да се откаже.

Според договорот кој беше објавен и е составен од 4 анекси, практично се разјаснува изјавата на португалската државната секретарка за европски прашања, Ана Паула Закаријаш дека македонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот, а ЕУ има разбирање за Бугарија..Дека македонскиот јазик е ставен на маса пред бугарските власти, веќе потврдија и тамошните медиуми. Според пишувањата Заев како компромис со Бугарија за отстранување на ветото понудил токму јазично решение.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста