СО 12 МЕЧА СИНОЌА ЗАВРШИ ВТОРИОТ ДЕЛ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ФУДБАЛСКОТО СП ВО ЕВРОПСКАТА ЗОНА

Најдобрите македонски одбојкари ги завршија обврските и настапот на Европското првенство и од Тампере се враќаат дома со неостварена цел, пласман во осминафиналето. Во второто учество на континенталните собири дури бевме и полоши од дебитантското појавување пред две години кога два пати победувавме. Сега 0-5 и само два освоени сета што е веројатно и реално според тимот и квалитетот што го имаме и противниците со кои се соочивме, но останува да жалиме зошто впечаток е дека можевме и нешто повеќе. Момци секоја чест што бевте дел од Европското, што чесно се боревме, што не претствувавате. И да. Никола капа доле, ти си вистински капитен, ти си одбојкарскиот пандан на Лазаров, Наумовски, Пандев. Во делот за критики. За федерацијата, не се вртете во круг со српските селектори, дајте стручњаци за прием зошто во минатите 7 дена на моменти беше малку незгодно за сите кога не можевме да запреме серии и најобични сервиси.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста