Вториот човек во државата не беше на прославата: Македонија прослави 30 години независност

Со настап на ансамблот Танец, Македонија одбележа 30 години од својата незавиност. По нив свои настапи имаа и други културно уметнички друштва од други националности во државата.

Потоа продефилираа рударите, претставниците на црвениот крст, медицинските работници, земјоделците, пожарникарите, полицајците и армијата на Македонија.

На прсти можеше да се изброи колку пати премиерот Зоран Заев го изговори името Македонија, со и без кованицата Северна, во својот говор на прославата за 30 години од независноста на државата. Обраќајќи се пред граѓаните пред Собранието, Заев неколку пати не пропушти да се самопофали колку оваа власт била успешна, а се пофали и со договорите со кои Македонија промени своето име, како и оној со Бугарија, со кој директно се удира по македонските национални интереси. 

Пред Собранието се обрати и претседателот на Македонија, Стево Пендаровски. Тој истакна дека треба да вложуваме во квалитетно образование, да инвестираме во здравствениот систем, да го негуваме културното и историско наследство и да вложуваме во новата генерација уметници.

На централната прослава не беше собранискиот спикер, според хиерархијата вториот човек во државата, Талат Џафери, тој само испрати видео порака. Преку неа ни порача дека прогласувањето на независноста на државата била храбра одлука.

Во паролата со која Владата го одбележа овој јубилеј никаде го немаше името Македонија, пишуваше само- 30 години независност.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста