СЛОБОДНА ДАЛМАЦИЈА: ИГОР АНГЕЛОВСКИ Е ИДЕАЛНО ТРЕНЕРСКО РЕШЕНИЕ ЗА ХАЈДУК

Игор Ангеловски се споменува како кандидат за тренер на Хајдук, а и според извори блиски до популарните “Били“ поранешниот македонски фудбалски селектор е кандидат за преземање на екипата од Пољуд. Хајдук во последните четири кола во хрватскиот шампионат немаше победа, а преку викендот загуби од Славен Белупо по што Швеѓанецот Јенс Густавсон беше отпуштен. Сплиќани немаат титула од 2005-тата и од тогаш со Густавфсон сменија 24 тренери. Ангеловски според весникот Слободна Далмација може да биде идеално решениа за тимот во кој игра и нашиот Јани Атанасов иако има и други кандидати.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста