Лазаров „скенира“ за ЕП, резултатот со Египет ќе биде во втор план

Македонската машка ракометна репрезентација полека се комлетира на подготовките за време на ЕХФ неделата, која ќе се искористи за два контролни натпревари со Египет. Пристигнаа „печалбарите“ од Германија, Филип Миркуловски и Жарко Пешевски, а со денешното доаѓање на голманот Никола Митревски од Порто ќе се заокружи бројката од 23 ракометари, сметајќи го и селекторот Кирил Лазаров. 

„Тренираме добро, се обидуваме да го искористиме времето максимално, имаме по два тренинга на ден. Но и покрај тоа работиме без притисок, од натпреварот со Египет можеме само да добиеме. Јас им реков на момците, дури и да победиме јас нема да бидам премногу среќен со резултатот. Она што ме интересира е како ќе се покажеме на терен.“, истакна Лазаров.

Во Скопје ќе се тренира до четврток, за кога е предвидено заминување кон Каиро. Таму наредните два дена, в петок и в сабота ќе ги измериме силите со Египѓаните предводени од шпанскиот стратег, Роберто Гарсија Парондо. Овие натпревари треба да го дадат првичниот изглед на ростерот за ЕП во јануари наредната година.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста