Шкендија гостува кај летонска Рига во Конференциската лига

По експресната елиминација од словенечка Мура во Лигата на шампионите, македонскиот шампион Шкендија ќе се обиде да го поправи впечатокот во новоформираната Конференциска лига на УЕФА, и тоа во двомеч со летонска Рига.  

„Рига е шампион на Летонија и затоа мора да бидеме внимателни. И тие како нас имаат свои амбиции. Детално го анализиравме противникот и верувам дека ќе имаме добро издание“ – вели тренерот Ернест Ѓока.

Шкендија првиот меч со Рига го игра денеска во метрополата на Летонија од 19 часот, а реваншот е за седум дена во Скопје.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста