Апелација ја потврди затворските казни за Боки 13 и Катица Јанева
Катица Јанева и Боки 13 заминуваат во затвор. Апелација ја потврди првостепената пресуда на Кривичен, со која пресудата за случајот „Рекет“ станува правосилна. Со тоа оружјата на одрбаната за избегнување на затворот, но и со оглед на висината на казната, се веќе сведени на нула. Една година откако беше донесена првостепената пресуда, како неосновани се одбиени жалбите на Јовановски и Јанева, но одбиени е и жалбите на Обвинителството кое бараше најстроги казни.
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -91/20 познат во јавноста под името „Рекет“, донесе одлука со која жалбите на обвинетиот Бојан Јовановски од Скопје и обвинетата Катица Јанева од Скопје, ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди. Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите – информираат од Апелационен суд Скопје.
Еск- шефицата на СЈО и Јовановски може да поднесат вонреден правен лек до Врховниот суд, но тоа според законот, нема да го оддолжи одењето во затвор веднаш.
Јовановски според пресудата што лани во јуни ја соопшти судечкиот совет на чело со судијката Васка Николовска-Максевка доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева 7 години за злоупотреба на службената положба и овластување како шефица на згаснатото СЈО.
Освен затворските казни, во пресудата има одлука и за конфискација на запленетите работи од Јовановски, меѓу кои имаше 70-тина вреќи брендирана облека, уметнички слики, мебел.
Викторија Миткова