СЕЛЕКЦИЈАТА НА ДАНСКА Е ВТОРИОТ ПАТНИК ЗА СВЕТСКОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО ВО КАТАР

Селекцијата на Данска е вториот сигурен европски патник за Светското фудбалско првенство во Катар за нешто повеќе од една година. Данците дури се и подоминантни од првата сигурна Германија зошто имаат осум од осум, со 24 бода и гол разлика од 27-0. Но еве ги сите синоќешни резултати и тоа по абецеда. Србија-Азербејџан 3-1 и Португалија-Лукембург 5-0 во првата конкуренција, Шведска-Грција 2-0 и Косово-Грузија 1-2 во втората, и Литанија-Швајцарија 0-4 односно Бугарија-Северна Ирска 2-1 во третата. Натаму, во четвртиот состав дуели на Украина и Босна и Херцеговина 1-1 и на Казахстан и Финска 0-2. И уште: Данска-Австрија 1-0, Фарски острови-Шкотска 0-1 и Израел-Молдавија  2-1 во 6-тата група и за крај: Англија-Унгарија 1-1, Албанија-Полска 0-1 и Сан Марино-Андора 0-3 во 9-тата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста