МЗТ СКОПЈЕ ПРОТИВ МЕТАЛАЦ (18.00) НА СТАРТОТ ОД БАЛОНОТ ВО АБА 2 НА ЗЛАТИБОР, ПЕЛИСТЕР УТРЕ СО ЛОВЌЕН

По вчерашното отворање на новата сезона во втората Јадранска кошаркарска лига денеска ќе го видиме и првиот македонски настап. Шампионот МЗТ Скопје од 18 часот на Златибор игра со Младост Земун во обид да покаже дека годинава е зрел и квалитетен за скок до главната АБА конкуренција. По ова на крајот од првиот круг од воведниот балон и дебитантот, битолски Пелистер утре од 15 часот ќе се сретне со Ловќен.