Само илјада навивачи од Италија добија „зелено светло“ за финалето со Англија

Поради ригорозните корона-рестрикции, британските власти дозволија ограничено присуство на само илјада италијански навивачи на лондонски „Вембли“ за финалето на Европското првенство меѓу Англија и Италија. Протоколот вели, тие не може да се задржат повеќе од 12 часа на Островот, и за нив е обезбеден посебен сектор за време на престојот. Пред тргнување задолжително мора да имаат негативен ПЦР-тест, а по враќањето им следува петдневен домашен карантин. Така што, Италија на трибините ќе има најмногу 7500 навивачи, сметајќи ги оние 6500 влезници кои се достапни за Италијанците што живеат во Англија. Битката за европскиот трон, кој „аѕурите“ го чекаат од 1968, а „Гордиот албион“ никогаш не го освоил, се игра в недела од 21 часот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста