Почина Роберт Трамп, две години помладиот брат на Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот помлад брат Роберт Трамп почина во саботата вечер, еден ден откако претседателот го посетил во болница во Њујорк.

„Со тешко срце јавувам дека мојот прекрасен брат Роберт мирно замина вечерва. Тој не ми беше само брат, туку и мој најдобар пријател. Многу ќе ми недостасува, но ќе се сретнеме повторно. Сеќавањето за него засекогаш ќе живее во моето срце. Роберт, те сакам. Почивај во мир“, напиша Трамп во изјавата.

Роберт Трамп, градежен изведувач, почина на 72 години. Тој е две години помлад од Претседателот Доналд Трамп.

Причината за смртта не е утврдена. Трамп во петокот им рече на новинарите дека неговиот брат „минува низ тежок период“ поради непозната болест.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста