Речиси еден месец не го примаат назад: Со решение во рака Горан Јовановски веќе 20 дена е невработен

Со решение за враќање на старото работно место, Горан Јовановски веќе 20 дена е невработен, а со самото тоа во моментов е оставен и без здравствено осигурување. Тој за Алфа вели дека директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска промовира беззаконие и самоволие, непочитувајќи го решението на министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, да биде вратен на своето старо работно место.

-Свесно ми го одзема правото на социјално осигурување од 26.07.2020 година. Значи јас, не само што не сум пријавен во работен однос, немам здравствено и пензиско осигурување од 26.07.2020 година. Билјана Јовановска, директор на Агенција за вработување 20 дена непречено промовира арбитрерност, беззаконие и самоволие, вели Јовановски.

Покрај тоа што не го прима назад на неговото работно место, директорката Јовановски веќе 20 дена не сакала ниту да си види лично со Горан.

-Сета дискусија одеше преку чуварот кој е пред зградата на Агенција за вработување и со возачот кој што ги пренесуваше ставовите. И она последното што ми го доставија на 29.07 дека ќе бидам известен, односно им требало време да одлучат, изјави Јовановски.

Јовановски вели дека ваквите потези на раководството во Агенцијата се поради неговата политичка определба, но се сомнева дека ваквите постапки имаат и финансиска позадина.

-Се фингираат постапки се со цел да се отвора работа за нејзините пет адвокати. Бидејќи скапа е правдата, а од друга страна директорката нема никаков страв од аспект на финансиски трошоци. Само еден од пет адвокати за 2 и пол години има наплатено 100.000 евра од вакви фингирани предмети, вели Јовановски.

Од Агенцијата за вработување, каде се уште Јовановски не е вратен на своето работа, се правдаат дека немало решение мирување од работното место, односно тој бил одјавен. Од Агенцијата велат дека немале пари во моментов да го вратат назад Горан Јовановски.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста