Отстранета статуата на Кристофер Колумбо во Сан Франциско

Статуа на италијанскиот истражувач Кристофер Колумбо е отстранета од американскиот град Сан Франциско, откако демонстрантите изразија загриженост дека станува збор за симбол на угнетувањето.
Статуата тешка два тона, која беше подигната во 1957 година, вчера беше демонтирана по налог на градскиот совет.
Претставничката на градските власти Кетрин Стефани го нарече отстранувањето на статуата „неопходен чекор“ и рече дека споменикот ги претставува „болните темели“ од историјата на земјата.
Минатата недела, во градот Бостон беше обезглавена статуата на Колумбо. Друг споменик беше запален и фрлен во езеро во државата Вирџинија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста