Нови масовни протести денеска во Белград

Нови масовни протести денеска во Белград

Студенти и млади луѓе за денеска најавија шестчасовна сообраќајна блокада на две локации во Белград поради, како што тврдат, кражба на изборите на 17 декември.

Тие ги повикаа граѓаните да се соберат во 11 часот пред Министерството за државна управа и локална самоуправа, од кои бараат да се овозможи проверка на избирачкиот список.

Протестот ќе трае еден час, колку што ќе му дадат на министерството да одговори на нивните барања, по што од 12 до 18 часот ќе блокираат две сообраќајници, чии локации не сакаа да ги откријат „поради безбедносни причини“,

Протестите започнаа на 18 декември, ден по изборите, а се одржуваат секој ден во 18 часот пред седиштето на Републичката изборна комисија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста