Норт Дам продолжува да се реставрира

Работите за реновирање на катедралата Нотр Дам во Париз, која беше оштетена во пожарот минатата година, продолжуваат. Работниците ќе работат на отстранување на 200 тони метални шипки што се стопиле во пожарот, а работите ќе траат во текот на летните месеци, соопшти комисијата надлежна за надзор на обновата на 850 години стара катедрала, објави АП.

Два тима од по пет работници ќе се спуштат со јажиња на мрежата од метални скелиња составени од 40.000 парчиња метални шипки и ќе ги исечат со пили, а парчињата потоа ќе ги подигнат со кран. Скелето било подигнато за време на реставрацијата пред да избувне пожарот. Работниците со месеци работеле на зајакнување на структурата на металните носачи, за да може да се демонтира без да се урне.

Катедралата е сè уште затворена и ќе остане така за време на реставрацијата, што ќе трае неколку години.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста