Нема викенд – полициски час во Србија, заострени мерките во главниот град

Кризниот штаб пресече-нема полициски час за викендот во Србија. Премиерот,  Брнабиќ, по заседавањето на комисијата, одлучи да ги заостри епидемиолошките мерки за сега во Белград. Фокусот ќе остане на оние градови каде ситуацијата е вонредна и нестабилна.

  •  Разговаравме за тоа дали треба да се вратиме во март и април како кризен штаб, дали треба да одлучиме за цела Србија или само за Белград.  Денес, решивме само за градот Белград.. – рече Брнабиќ.

Дел од мерките кои се однесуваат на главниот град се забрана за организирање јавни собири за повеќе од 10 лица, работното време за затворените објекти е ограничено, односно почнувајќи од 21 навечер до 6 часот наутро треба да имаат клуч на врата, а за отворените е два часа подолго односно до 23.

Судири помеѓу демонстрантите и полицијата и повредени на двете страни имаше и синоќа. Демонстрантите освен против мерките протестираа барајќи оставка од претседателот Вучиќ, формирање техничка влада и  нова комисија за борба против пандемијата.

Епилогот од синоќешните протести се  19 повредени полицајци и 17 демонстранти.

Освен  во Белград демонстрантите излегоа на улица и во Ниш, Крагуевац и Нови Сад.

Изутрината спрскиот претседател Вучиќ со видео порака од авион им се обрати на граѓаните ветувајќи дека  државата ќе го заштити мирот .

  •  Јас само го молам нашиот народ, како во Белград, така и во Нови Сад и во сите други градови, да не се спротивставуваат на насилниците. Тоа ќе го сториме како држава, ќе го сториме и ќе победиме. Ќе го сочуваме мирот за нашата земја, предавството никогаш не беше опција, а сега летам за Париз, да се борам за нашата Србија. Се гледаме наскоро, Србија победи – рече Вучиќ.

Министерот за одбрана, Вулин, констатираше дека протестите се обид за државен удар и насилно преземање на власта, односно предизвикување граѓанска војна во Србија.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста