НЦАА: Јакимовски со најголема минутажа во петатта по ред победа за Вашингтон


Андреј Јакимовски игра како по ноти во НЦАА лигата, и полека но сигурно се наметнува за лидер во тимот на Вашингтон стејт. Македонскиот талент ја имаше најголемата минутажа во петтата по ред победа, сега над Портланд со 69-60. Јакимовски постигна 12 поени и 7 скока за 34 минути на паркетот. Вашингтон и Аризона засега се единствените непоразени екипи во Пацифик-12 конференцијата, а зад нив е легендарниот УКЛА, најтрофејниот во колеџ-кошарката во САД со 11 титули.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста