На полноќ почнува изборниот молк во Србија

Предизборниот молк, во пресрет на парламентарните, покраинските и локалните избори во Србија, почнува вечерва на полноќ и трае до затворањето на избирачките места во недела, 21 јуни, во 20 часот. Изборниот молк значи дека кандидатските листи нема да можат да се рекламираат во традиционалните медиуми, ниту да организираат предизборни митинзи, но социјалните мрежи не подлежат на овие ограничувања, каде што партиите можат да ги продолжат своите изборни активности без пречки. На парламентарните избори ќе учествуваат 21 изборна листа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста