Кошаркарите на МЗТ Скопје се на само еден чекор до новата титула во домашниот шампионат. Аеродромци синоќа го победија Еуроникел во Кавадарци со 95-91 и поведоа со 2-0 во финалната серија од плеј офот. Првата меч топка МЗТ Скопје ќе ја има в недела и тоа дома во Јане Сандански.