МКФ ПОТВРДИ НОВАТА СЕОЗНА СТАРТУВА НА 31. ОКТОМВРИ, КЛУБОВИТЕ ЌЕ ГИ СНОСАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ ТЕСТОВИ

Конечно е познат и датумот на кој ќе стартува новата сезона во домашниот коашркарски шампионат. Според информациите од првиот човек на коашркарската федерација кај нас Перо Антиќ кој се обрати со соопштение 31.октомври ќе биде денот за старт на првата рунда. Причината за ваквото одолговлекување се неколкуте позитивни случаи на корона вирус  во дел од прволигашкиет екипи  на кои им беше ставен простор да се вратат на тренизите и да се подготват за стратот на новата сезона. Освен напомена дека ќе се почитуваат препораките за превенција и заштита од Ковид 19, како и консултација и соработка за надлежните инстиуции поврзани со пандемијата, денеска беше објавено дека МКФ ќе преземе на свој трошок само едно тестирање, а останатите ќе треба да бидат платени од самите екипи. Одредбата за задолжителен ПЦР тест на 72 часа пред секој натпревар, ќе ги стави во сериозен трошок клубовите кои само за реализирање на оваа одлука ќе треба да одвојат од 33 до 40 000 евра до крајот на сезоната во зависност од тоа до која фаза ќе напредуваат во првенството.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста