МИЛВОКИ Е ПРВИОТ ТИМ ШТО ПОВЕДЕ СО ДВА РАЗЛИКА ВО НБА ПЛЕЈ ОФОТ

Милвоки е првата екипа што се стекна со осетна предност во првиот круг од НБА плеј оф. Бакси по втор пат го победија Мајами и поведоа со 2-0 пред серијата да се пресели на Флорида. Во нерамноправниот меч од рано, Милвоки победи со 132-98, а беше  предводен од Јанис Адетокумпо со 31 поен и 13 скока. На другата страна од континентот Денвер изедначи против Портланд на 1-1 откако Нагетски како домаќини победија со 128-109. Големите ѕвезди и главни кандидати за наградата МВП на сезоната блескаа, па Демием Лилард имаше 42 поена со 10 асистенции, а Никола Јокиќ 38 коша со 8 скока, но неговиот настап заврши со тимска победа. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста