НБА ПЛЕЈ ОФ: ДАЛАС ВОДИ 2-0, ЛЕЈЕРСИ ИЗЕДНАЧИЈА, БРУКЛИН МОЖЕ БРЗО ВО СЛЕДНИОТ КРУГ

Далас изненадувачки поведе со 2-0, Лејкерси изедначија, а Бруклин се приближи до новиот круг од НБА плеј офот. Ова се насловите од ноќешните дуели во американската кошаркарска лига, а поширокиот преглед вели: Лука Дончиќ имаше 39 поени со по 7 скока и асистенции во новото гостинско славје на Маверикс кај Клиперси со 127-121 во кое и Каваи Ленард беше одличен со 41 поен, но нему помош му дојде само од Џорџ со 28 коша, за разлика од младиот Словенец кој доби поддршка од Порзингис со 20 и Хардавеј со 28 поена. Првакот победи кај Феникс со 109-102 за моментни 1-1 пред преселба на серијата во ЛА. Ентони Дејвис даде 34, а Шродер и Леброн 24 односно 23 поена. Кај Санси вообичаено Девин Букер беше најефикасен со 31 кош. И уште Бруклин го разнесе Бостон со 130-108 и тоа без особено форсирање. За 2-0 Нетси водеа со 17 разлика во првата и со 27 во втората четвртина, а иако немаше голема минутажа ги предводеше Кевид Дурент со 26 поена. Во меѓувреме НБА го избра Џулиус Рендл од Никси за играч со најголем напредок во сезоната. Сето е потврдено со просекот од 24 поена, 10 скока и 6 асистенции по меч и со камбекот на Њујорк во разигрувањето по седум години.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста