Мицкоски: Срам и осуда за институциите доколку таков штетен енергенс се дозволи да биде користен

Срам и осуда на институциите што отровен мазут бил дозволен да се користи во државни институции и приватни компании во Македонија, и тоа мора да се истражи, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според него, во прашање биле бизнис интереси, но по цена на здравјето на граѓаните кои биле приморани да дишат отровен воздух изминативе четири години.

  • Тоа е срам за институциите ако навистина се случило такво нешто да практично во индустријата таков енергенс се дозволи да биде користен. Тие луѓе треба најжестоко да бидат казнети бидејќи, тоа не само што е нехуман потег туку и немам зборови со којшто можам да го осудам ваквиот гест, посочи Мицкоски.

Откако пукна скандалот во јавноста, повеќегодишното труење на граѓаните со отровен мазут власта дури сега ќе го решава. Сега најавуваат дека ќе се води истрага и ќе имало одговорност. Целиот бизнис се случувал пред очите на државните институции речиси 4 години, но за тоа никој не реагирал. Сега се најавуваат и казни.

Додека власта се мобилзиира и бара начини за префрлање на одговорноста, јавноста критикува и бара казни за редица институции. Се бара одговорност и од посочените компании кои оствариле бенефит од овој нелегален бизнис.

Инаку, опасното нафтено масло е забрането во ЕУ, на големо го користеле фабрики, државни институции, па дури и неколку здравствени организации во Македонија.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста