МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРИ ЌЕ ИМААТ ДВЕ ПРИЈАТЕЛСКИ СРЕДБИ СО СРБИЈА ВО ЈУНИ

Македонската машка ракометна репрезентација во рамки на неделата на ЕХФ ќе има собир и две пријателски средби со Србија. Тие ќе се играат во Ниш на 19 и 20 јуни и на нив Кире Лазаров планира да настапиме со помлади, и играчи од домашниот шампионат, но секако, со нив започнува подготвителниот период за новиот, седми настап на Европското првенство во Унгарија и Словачка. На оваа завршница ние имаме балкански противници Словенија и Црна Гора и затоа мечевите со Србија се идеални за оваа фаза

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста