Конгресот го потврди изборот на Бајден, Трамп вети мирно примопредавање на власта

Американскиот Конгрес ја потврди победата на Џо Бајден.Со што и официјално  веќе ништо не стои на патот на неговата инаугурацијата, за нов претседател на САД. По долгата ноќ, обележана со инциденти  и обид да се спречат процедурите во Конгресот од страна на поддржувачите на Трамп, состојбата ескалираше, при  што четири лица ги изгубија животите, многумина се повредени , а уапсени се повеќе од 50 лица.

Бајден,рече дека активноста „се граничи со бунт“ и ја става демократијата на Америка под „невиден напад“.

„Тоа не е протест.Тоа е бунт.Светот гледа.Како и многу други Американци јас сум навистина шокиран и тажен што нашата нација,толку долго како светилник на надежта за демократија дојде до таков момент.” – изјави Бајден.

Откако работите излегоа од контрола, Трамп порача дека иако не се согласува со изборниот резултат ќе има уредна транзиција на власта на Бајден.

„Отсекогаш сум велел дека ќе ја продолжиме нашата борба за да осигураме дека се бројат само законски гласови. Иако ова претставува крај на најсилниот прв мандат во историјата на претседателството, тоа е само почеток на нашата борба да ја направиме Америка повторно голема” – се вели во изјавата на Трамп.

Трамп откако повеќепати се огласи на твитер за време на инцидентите, брзо беше блокиран од најголемите социјалните мрежи.

Инаку, поранешниот американски претседател Џорџ Буш меѓу првите остро го осуди ваквиот чин потенцирајќи дека вака се оспоруваат изборни резултати во банана републики, а не во демократска република како САД.

Бурниот ден во и околу Капитол Хил, наиде на реакции и кај германската канцеларка Меркел која истакна дека е гневна и директно го обвини Трамп за случувањата. Според францускиот претседател Макрон, тоа што се случи во Вашингтон дефинитивно не е американски. Британскиот премиер Борис  Џонсон немирите во Конгресот ги оквалификува како „срамни сцени“.

Истовремено, демократите и официјалцно ја презедоа контролата и врз сенатот на САД, откако ги освоија двете места во клучниот втор круг на изборите во Џорџија.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста