Иран по грешка го соборил украинскиот авион над Техеран?

Се множат сомневањата дека украинскиот авион кој се урна во близина на Техеран, бил соборен од против-авионска ракета на иранската армија.
Канадскиот премиер Џастин Трудо ги обелодени сомнежите дека леталото во кое се превезувале десетици Канаѓани било урнато со ракета земја-воздух, додека украинските власти ги испитуваат наводите дека на теренот биле пронајдени остатоци од руска ракета .

Располагаме со разузнавачки податоци од разни извори, вклучувајќи од наши сојузници и од сопствено разузнавање дека авионот бил соборен со иранска ракета земја-воздух и тоа можело да биде ненамерно, изјави Трудо.

Иран досега тврдише дека авионот паднал поради техничка грешка и ги отфрли шпекулациите за нешто сомнително во несреќата.

„Авионот се запалил поради технички дефект кој довел до несреќата“, рече иранскиот министер за транспорт Мохамед Еслами

Истрагата за уривањето на авионот е интензивно тече. Иран бара помош од Франција и Канада за декодирање на оштетените црни кутии.

„Општо земено, Иран има потенцијал и знаење да ги декодира црните кутии. Сите го знаат тоа. Меѓутоа ако достапната опрема не е доволна за да се добие содржината, Техеран ќе им ги испрати кутиите на експерти од Франција или од Канада. Тогаш, каков и да е резултатот, ќе биде објавен,“ – рече началникот на иранската служба за цивилно воздухопловство Али Абеџеде.

Иран побара и „Боинг“ да испрати претставник за да се вклучи во истрагата во Техеран.Но едно е сигурно велат властите, Иран нема да им ги предаде црните кутии на САД. Инаку, „Њујорк тајмс“, објави видео-снимка, на која, наводно се гледа, како иранска ракета, го соборува украинскиот авион, во близина на аеродромот во Tехеран, при што загинаа, сите 176 патници и членови на екипажот…Aмериканскиот весник тврди, дека видео-снимката е автентична.. на снимката се гледа, како авионот е погоден од ракета, над Паранда – град, во близина на аеродромот, но леталото не експлодира веднаш, туку авионот, по неколку минути го смени правецот, и се упати кон аеродромот, и тогаш експлодира.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста