Грција: Потона брод со мигранти, 12 лица загинати
Најмалку 12 мигранти се удавиле кога бродот во кој се наоѓале потонал во близина на грчкиот остров Пакси.
Во спасувачката акција биле спасени 21 лице.
Три хеликоптери и шест чамци ја пребаруваат областа југозападно од Паксос, трагајќи за исчезнатите мигранти, соопшти грчката крајбрежна стража.
На бродот, од кој е испратен повик за помош, се наоѓале околу 50 луѓе.
КАТЕГОРИИ Балкан