Инвестициски бум или блам? Власта предизборно се фали, но на чија сметка?

Власта предизборно се фали со нови инвестиции, но колку реално и успеа да донесе во досегашниот мандат? Ова прашање го збуни директорот на ТИРЗ Александар Младеновски кој заедно со вицепремиерката Мила Царовска дојдоа во индустриската зона „Бунарџик“ за да се пофалат со инвестицијата на компанијата „Гересхајмер“ која не е ниту до половина од реализацијата.

Младеновски беше збунет, но затоа тука беше вицепремиерката Царовска која му асистираше со бројките. Таа се пофали дека имало нови фабрики, иако речиси сите кои ги спомна, се дело уште на претходната власт.

– Имавме мало одложување, од некој месец, на активностите што се планирани, само затоа што нивните работниците имаа ограничувања во движењето, особено оние од странство, но сега во континуитет продолжуваат со работата и очекуваме многу скоро „Гересхајмер“ да ја отвори првата фаза. Имаат уште четири фази само во овој дел, а во делот на производство на стакло дополнителни три фази, очекуваме динамиката на активности да се врати на претходното ниво пред кризата, рече вицепремиерката Мила Царовска.

Но зошто ако има инвестици, тогаш договорите со нив се кријат од јавноста. Власта се правда дека делуимно тие биле објавени, но не кажува зошто не и во детали, како што впрочем и направи со оние склучени од претходнарта влада кои до запирка беа ставени на увид на јавноста? Младеновски и за ова се правда.

Ова не е прв пат претставник на власта да биде збунет околу успешноста на инвестициската приказна. Претјходно и министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска не знаеше конкретно да одговори колку фирми влегле во државава, па дури и се налути дека прашањата биле незгодни.

Власта се фали со десетина инвестиции, но списокот со кој оперира во јавноста сепак открива дека на него, поголем дел се компании кои одамна почнале инвестициски процеси во Македонија.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста