Во Србија во моментов се градат околу 1.000 километри автопати, кај нас речиси сите проекти тапкаат в место

Ништо од изградбата на сериозна патна инфраструктура во Македонија. Речиси сите крупни инфраструктурни проекти тапкаат в место, а сликата од терен е без малку депресивна. Машините се поставени само како шминка на теренот, за да се види дека нешто се работи, но работите никако да мрднат од мртва точка.

Но така не е во соседна Србија, каде се градат и проектираат околу 1.000 километри патишта. Тамошните градежните работници тврдат дека работите ќе бидат завршени на време, иако признаваат дека никој не можел да се спореди со кинезите.

  • На пример, тие се многу повредни од нас. Тие почнуваат да работат многу порано, остануваат подолго, тие се многу пожртвувани. На работниците може да им недостасува искуство, но тогаш ние сме тука за да го завршиме сето тоа, за да работиме правилно, велат српските градежни работници.

И додека во Србија се брза да се запазат сите рокови, кај нас, и покрај оптимизмот од власта, продолжува катастрофалната реализација на капиталните инвестиции и во шесттиот месец годинава. Бројките од реализацијата на Буџетот покажуваат дека од почетокот на годинава потрошени се под 20% од предвидените пари за трајни проекти.

Доцнење има кај речиси сите проетки. Авртопатот Кичево-Охрид е далеку од реализација, проект на кој биле потрошени околу 350 милиони евра. Работите заглавени кај експропријацијата на земјиштето, но забавени се и активностите кај изградба на косините. Завршени се едвај 55% од градежните работи. Тој треба да чини 600 милиони евра.

Пругата кон Бугарија е заглавена во постапките за тендери и проекти, на стернд бај е и автопатот до Блаце. Иако власта уште пред неколку години најави над 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, рехабилитација на 1.500 километри постоечки патишта, сето тоа остана само желба напишана хартија.

Последна од низата најави на власта е дека во патната и железничката инфраструктура ќе вложеле 2,7 милијарди евра, што според стопанствениците, од тоа немало да има ништо, зашто за тоа биле потребни голем број работници, што Македонија ги нема.

  • Во моментов немаме никаква градежна активност на патиштата, зошто, затоа што немаме доволно работници и не можат секаде да постигнат. Огромен број од најавите немаат почнато со проектирање, а камо ли да градат. Тоа е само една обланда која се пласира дека нешто се работи, нее тоа така, вели за Алфа бизнисменот Горан Рафајловски.

И додека државата слабо ги троши парите за капитални инвестиции, па им дава кредити на општините, македонската економија тоне. Стопанството алармира, ако држвата не направи сериозни чекори за подобрување на економската состојба, ќе се соочиме со уште посилен удар кој ќе нанесе дополнителна штета врз сите сектори, а најмногу во градежништвото.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста