Силно невреме беснее низ цела Европа

Еден човек загина, а друг се води за исчезнат откако се превртел брод во Шведска. Невреме го погоди западниот дел од Европа и Британија, има прекин во авионскиот и железничкиот сообраќај, а се затворени и бројни пристаништа.

Бурата позната како Кјара најпрво ја погоди  Британија, потоа Франција за да заврши во Полска. Во Германија се откажани стотици летови, само во Минхен 420 летови.„Киара“ донесе налети на ветер од 150 км/ч во некои делови на Велика Британија, а како што известуваат тамошните медиуми, поради висината на брановите некои плажи целосно исчезнале. Околу 10 000 домаќинства во Британија се без електрична енергија, а во Франција со ист проблем предизвикан од бурата се соочија 130 000 домаќинства. Слична е состојбата со електричната енергија и во Полска.

Метеоролошката служба во Велика Британија издаде повеќе од 250 предупредувања од поплави, а предупредени се граѓаните и туристите да ги избегнуваат крајбрежните делови и да не прават фотографии пред немирното море.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста