Европската Унија ја притиска Македонија за компромис со Бугарија

ЕУ нема да ни помогне во решавање на спорот со Бугарија. Во пристапниот процес нема место за историски и идентитетски прашања- порача  директорка за земјите од Западен Балкан при Министерството за надворешни работи на Германија Сабине Штер. Унијата притиска на компромис, а што ќе се прифати за да се постигне истиот треба да одлучи македонската Влада.

Вашата земја, Владата и сите проевропски сили треба ад донесат одлука до каде може да оди компромисот, не верувам дека ќе се прави компромисот на идентитетот, но може да има компромис на други работи. Бидејќи едната  земја е членка на ЕУ, ние нема да се мешаме во тоа, тоа е одлука на Македонија, истакна Штер.

Идентитетските прашања  кои во моментов се пречка  за Македонија да тргне на патот кон Брисел  не се во согласност со европските вредности. Доколку земјава повторно добие црвено светло и во јуни за старт на преговорите, постои легитимна можност Албанија сама да тргне на евроинтегративниот пат – беше порачано на конференцијата чија главна тема беше во фокусот на ЕУ Западен балкан Западен Балкан и ЕУ во контекст на новите безбедносно-политички предизвици” во организација на германската Амбасада во Скопје.

 Дел од одговорноста за интеграциите е на наша страна,  но дел и во способноста на ЕУ да ги реализира стратегиите  .Во 21 век да се расправа дали  македонскиот јазик бил бугарски, дали чешкиот е словенечки, дали црногорскиот е хрватски  или холандскиот е германски тоа е вон европските вредности и оние што создаваат такви спорови си играат со трети страни како руската федерација кои се против европските вредности, вели Антонио Милошоски претседател на комисијата за надворешни работи.

Според Евроамбасадорот Гир треба да се отворат преговорите со Македонија и Албанија, но и неговата порака е дека не смее да се заборави регионалната димензија , а и се уште ни биле потребни темелни институционални реформи.

Треба да се отворат преговори со Македонија и Албанија. Не треба да се заборави регионалната димензија, покреај политичките не треба да се занемарат економските политики и комуникацијата, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир

Европските претставници порачаа дека сите земји кои сакаат да бидат дел од Европското семејство и кои имаат кандидатски статус мора да одберат дали се на страната на ЕУ или на Русија за да не бидат вмешани трети страни што би било безбедносен ризик.

Според поранешната министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска, силното руско влијание во Бугарија било поттик за бугарското вето кон земјава.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста