Барди, Трајковски и селекторот Милевски добија дипломатски пасоши
Македонските репрезентативци Енис Барди и Александар Трајковски, и селекторот Благоја Милевски добија дипломатски пасоши.
Тие се нашите најважни амбасадори во моментов и го заслужуваат пасошот, како одделен доказ за нивните успеси. Им посакувам успех и во Португалија – изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Македонската фудбалска репрезентација завчера ни донесе вистинска радост откако ја порази моќната Италија и обезбеди место во финалето од мундијалскиот бараж.
КАТЕГОРИИ Фудбал