Европа критикува, Македонија го форсира производството на јаглен

Се уште не се знае дали струјата ќе поскапи или ќе поевтини кон средина на годинава. Од државните електрани велат дека и покрај тоа што имале многу инвестиции, се труделе да ги намалат трошоците колку што можат и да го зголемат производството. Инаку универзалниот снабдувач со струја, ЕВН Хоум, годинава има обврска да купува барем 75% од електричната енергија произведена од ЕСМ.

И покрај тоа што Европската енергетска заедница ја предупреди земјава да го намали производството на струја од јаглен, надлежните планираат на секој можен начин да го продолжат животниот век на РЕК Битола. Со стартот на јамска експлоатација на јаглен, РЕК треба да продолжи да работи уште 25 години. Надлежните тврдат дека сепак вложуваат многу во обновливи извори на енергија како ветерници, соларни електрани, хидроцентрали.

РЕК Битола учествува со 15 до 20% во вкупното загадување на воздухот во Битола. Има краен рок до 2025-та година за да го сведе загадувањето на минимум. Директорот на РЕК тврди дека ќе се вложат 300 милиони евра, сопствен буџет и позајмици за да се добие А интегрирана дозвола. Во моментов термоцентралата произведува 80% од вкупното количество на струја од домашни извори.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста