Охрид ризикува да биде впишан на листата на загрозени подрачја

Неместо да го зачува статусот под капата на Унеско,Охрид ризикува да биде впишан на   листата на загрозени подрачја.Или ќе го заштитите единственото Унеско подрачје и ќе се фокусирате да го сочувате огромното природно и културно наследство на регионот, или развивајќи друга визија, ќе го загрози неговиот статус-јасно порачува евроамбасадорот Дејвид Гир.

  • Другата визија значи див развој, нелегални градби, непочитување на околината ,една визија која ќе го уништи природното и културно наследство кое што ние сакаме да го сочуваме.Централната, локалната власт, невладниот сектор,посебно бизнис заедницата мора да работат заедно ако сакаме за доброто на човештвото и целиот свет да го сочуваме и соодветно да го развиваме овој регион.”-вели евроамбасадорот Дејвид Гир.

Покрај неконтролираниот урбан развој и крајбрежната експлоатација,голем проблем се и  депониите кои и тежат на општина Дебрца,која е опфатена во извештајот на Унеско заедно со Охрид и Струга.

  • Еден од тие проблеми е овој со комуналниот отпад кој што и нас не тангира, проблемот со обезбедување канализациони системи уште за неколку населени места кои што гравитираат до Охридското езеро “-вели градоначалникот на Дебрца,Зоран Ногачески

Преку грантови и кредити, пари се обезбедени,но од изградбата на првата регионална депонија која требаше да биде готова до крајот на 2024-та година нема ништо.Под силниот притисок на јавноста наместо во Дебрца, како што првично беше предвидено, таа треба да се гради во Новаци.Таму треба да се одлага сметот од пелагонискиот и југозападниот дел на Македонија.Додека не се изгради таа, не може да се отстрани депонијата Буково која претставува еколошка бомба и е една од главните препораки на Унеско,а требаше да биде затворена до крајот на 2020-та година. 

Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста