Судството повторно проблематично: Министерот за правда не се појави да ги слушне поразителните оценки!


Deprecated: Implicit conversion from float 1714250742.281039 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Иако поканет и најавен дека ќе присуствува министерот за правда Никола Тупанчевски не се појави да ги слушне поразителните оценки за македонското правосудство. Извештаите на Коалицијата сите за правично судење, покажуваат дека македонските судии и обвинители не напреднале ниту малку во однос на претходната година. Она што било проблем лани, кога довербата во судскиот систем падна на катастрофални осум проценти, е проблем и годинава.

-Во принцип немаме некои големи разлики во однос на постапувањето и на советите и на судовите, во однос на ваквото истражување кое беше направено лани. Детектирани се во суштина истите недостатоци како во поглед на работењето на судскиот совет и советот на јавни обвинители, така и во поглед на судските постапки, изјави Дарко Аврамовски од коалиците сите за правично судење.

Некакво помрднување според извештаите има кај Обвинителството за организиран криминал. Тие биле поажурни но проблем има и кај нив, а тоа се казните, кои иако се работи за организиран и тежок криминал, се исти како и во другите судски процеси.

-Она што беше интересно е што увидовме дека казнената политика во рамки на ова одделение е во голема мера многу слична на казнената политика во останатите постапки, што е малку што е малку невообичаено ако се има во предвид дека станува збор за сериозни кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата, изјави Аврамовски.

Состојбите во правосудството и корупцијата се еден од најголемите проблеми на Македонија, а се нотираат и во сите извештаи кои државава ги добива од Европската Унија, како и оние од САД.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 174