Пописот за СДСМ е успешен, иако беше оспорен за дел од коалициските партнери

СДСМ се пофали – најголемата статистичка операција била успешно спроведена, согласно законите. Владејачката партија тврди дека биле попишани 99% од луѓето иако 7.2% се заведени само административно и технички и не се изјасниле за својата припадност.

  • Задоволни затоа што успешно спроведен попис после 20 години, за прв пат комбиниран попис којшто се спроведе во ек на пандемија со сите заштитни протоколи и исклучително успешен кога 99 % ќе бидат попишани тоа е резултат со којшто не можат да се пофалат ни многу развиени европски држави, вели Снежана Калевска Ванчова од СДСМ.

Од друга страна и дел од коалициските партенери на СДСМ го оспорија пописот. Партијата на Павле Трајанов, Демократски сојуз, оцени дека бројките не се одраз на фактичката состојба.

  • Во дијаспората, проценките се дека само околу 10% од Македонците се попишани, додека во Македонија, од резидентното население, претежно Македонци, над 130.000 не се попишани. Овие бројки го наметнуваат заклучокот, дека пописот е неуспешен и за тоа треба да се бараат причините и одговорноста, велат од Демократскиот сојуз.

Од друга страна, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на својот Фејсбук профил објави дека по 20 години, Македониај имала појасна слика за населението.

  • Македонија по 20 години има појасна слика во однос на вкупното население и процентот на заедниците во државата. Албанците се 29,5% од вкупното население и 24,3% од резидентното население, додека во градот Скопје 22,8% (од 20,04% во 2002 година), пишува Ахмети.

Додека Ахмети се фали, од Левица критикуваат за фингиран попис, под палката на ДУИ. Најавија и кривични пријави.

  • „Овој процес не беше ништо освен една политичка операција изведена под палката на ДУИ, а одобрена од СДСМ. Врзаниот потпис на заменик директорот на ДУИ, за да може да ги добиеме овие, би ги нарекол, буквално фалсификувани и штелувани резултати кои што ги добивме“, вели Борислав Крмов од Левица.

Во податоците се сомневаат и од Алијанса за Албанците.

  • Но на прв поглед ги изразуваме нашите резерви во веродостојноста на овој процес, особено во два сегмента. Над 132,000 граѓани се импутирани и не попишани на терен, додека ние сметаме дека бројот од околу 260,000 грѓани кои што живета надвор не соодвествува со реалноста и со публикуваните податоци до сега од страна на меѓународните организации, вели Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците.

Европската Комисија пак, го поздрави пописот – нарекувајќи го големо достигнување, а обновените податоци за населението според нив, ќе бидат од суштинско значење за демографските и економските политики во земјава

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста