Цар Самоил најверојатно до петок ќе се побугарчи

До петок е можно решение за Цар Самоил и усогласување за средновековниот период во историската комисија. Претседателот на македонската страна Драги Ѓоргиев, во изјава за Слободен печат вели дека очекува брзо пеглање на разликите, поради како што вели конструктивната атмосфера во преговорите.  Откако од официјална Софија објавија дека е постигнат договор за личности за кои досега било тешко да се преговара, Ѓорѓиев ја смирува топката и сепак вели дека уште нема постигнат конкретен заклучок за чевствување на одредени историски личности

– Конструктивната атмосфера остава простор дека можеби ќе усогласиме заклучоци за средновековниот период и за цар Самоил на следната средба што ќе се одржи во живо овој четврток и петок во Скопје, кои потоа ќе бидат препорачана содржина за учебниците по историја. На дневен ред е и Гоце Делчев, за кој на минатата средба во февруари само ја почнавме малку дискусијата и сега ќе ја продолжиме. На дневен ред се и некои технички работи како усогласување на записниците од претходните средби, вели Ѓоргиев.

Инаку работата во комисијата е закочена токму поради менувањето на учебниците за седмо одделение и начинот како Самоил треба да биде претставен…Камен за сопнување се уште останува и македонскиот револуционер Гоце Делчев. 

Други извори од Комисјата за Алфа пак брифираат дека нема постигнато никаков договор со бугарската страна, туку се прави политички блеф пред јавноста дека работи меѓу двете страни се движат во добра насока.

Бугарскиот премиер Кирил Петков на заедничка прес конференција со македонскиот колега Ковачевски најави дека добил информација од историската комисијат дека постигнат е договор за историска личност за која досега било тешко да се постигне договор.

Во последните три години во Комисијата нема донесено никаква конкретна одлука. Последно е постигнат договор околу усогласен текст за Григор Прличев, со кој требало двостранао да се чествува и дека е важен за двете страни, без притоа да се разговара околу припадноста. Иако бугарската страна од Комисијата даде амин за за ваквиот текст, истиот не беше верификуван во бугарското собрание. Одлука имаше и за заедничко чествување на светите браќа Кирил и матодиј, односно да се чествува само во јубилејни години. По ова следуваше и одлуката за бугарското вето кон македонските интеграции.

Инаку за потсетување по заминувањето на професорот Ванчо Ѓорѓиев од Комисијата кој обвини за политички притисоци во носењето на одлуките, македонската страна заседава со еден член помалку, со што нема еднаква застапеност.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста