РАКОМЕТАРИТЕ ПОПЛАДНЕВО ЛЕТААТ ВО ЗЕМЈАТА НА ФАРАОНИТЕ

Македонската ракометна репрезентација денеска попладне од 16 часот патува за Каиро, каде утре вечер од 20.30 против Шведска ќе го има првиот настап на Светското првенство. Поканата од ИХФ можеби дојде во последен час, но ние не сме изненадени зошто проблемите на другите не предупредија и брзо реагиравме на сите предизвици. Така селекторот Данило Брестовац веднаш го објави списокот на кој се најдоа неколкумина поискусни, но и доста млади играчи, што всушност беше негово ветување уште кога беше именуван на оваа позиција. За Египет тргнаат голманите Митревски, Томовски и Даниловски, крилата Димитровски, Кузмановски, Поповски, Костески. Пикерита: Стоилов, Пешевски и Марковски и бековите: Талевски, Мишевски, Георгиевски, Младеновиќ, Кумановски, Танковски, Крстевски, Велковски, Серафимов и Кире Лазаров кој во земјата на фараоните се враќа по 22 гоидини и нашиот прв голем настан. Тие се сега веќе нешто редовно за нас, па десет години не пропуштаме ни Европско ни Светско првенство, а на ова со оглед на сите атрибути можеме и до подобрување на нашиот најдобар пласман на мундијалите, а тоа 9. место од пред 6 години. Имено како прва резерва се најдовме во доста лесна група со Шведска, Египет и Чиле со кои ќе се соочима на 14, 16 и 18 јануари и од кои ни треба една победа за пласман во втората групна фаза, каде нашата група Г вкрстува со конкуренцијата Х каде што се Словенија, Русија, Белорусија и Јужна Кореја. Од таму се оди во четвртфиналето, и во борбата а медали, но за тоа потоа, зошто сепак, треба да се минува фаза по фаза.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста