Заев отвора хотел на градоначалник од Сдсм, додека угостителите „кркаат“ рестрикции

Рестриктивни мерки  за намалување и спречување на коронавирусот ќе предизвикат нов удар на угостителите. И додека една од најважните стопански гранки  во македонската економија колабира поради  немање на соодветна стратегија за помош , премиерот Заев промовира отварање на хотел , но на градоначалник поставен од неговата партија. Се појави и  видео клип од отварањето на хотелот, по што социјалните мрежи буквално зовреа. Лавини од критики и  реакции.  Во својте коментари граѓаните прашуваат дали  премиерот ќе воведе пракса и ќе го промовира отварањето на секој нов хотел и на тој начин ќе и помага на угостителите или неговото присуство ќе биде задолжително, но само кај луѓе блиски до власта. Побаравме коментар и од првиот човек на Кочани, градоначалникот Николчо Илијев. Потврди дека на отварањето  на неговиот хотел присуствувал највисокиот владин врв. Сепак нивното присуство имало јасна порака,дека и во време на пандемија, економијата мора да се движи..

 

Не станува збор за организација од големи размери, тоа беше многу мал настан со многу јасни и силни пораки, но само за оние кои сакат да слушнат дека овде нема политика –изјави градоначалникот на Кочани и сопственик на хотел Николчо Илијев

Што се однесува до коментарите беше  ли потребно организирање на  вакви манифестации  во време кога Кочани е втор по активни случаи во државата, Илијев објаснува дека во текот на настанот биле запазени сите мерки за заштита. 

Aлександра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста