Двајца нови позитивни на Ковид 19, МВР ќе казнува за непочитување мерки и ширење лажни вести

Уште двајца жители на Дебар позитивни на Ковид 19. Станува збор за дел од осумчленото семејство, соседи на бранчниот пар од Дебар кој од пред неколку дена е хоспитализиран на Инфективна клиника во Скопје. Останатите 10 кои беа тестирани денеска иако резултатите за нив се негативни на вирусот, сепак ќе останат во изолација 14 дена. Со новите заболени бројката во Македонија се искачи на 9, а првата пациентка која беше болна веќе е излекувана и треба да биде пуштена дома.

Владата на седница доцна попладнево доднесе дополнителни мерки, меѓу кои и санкции за непочитувачите на истите. Телефонскиот број „Ало докторе“ ќе се пренамени и на него граѓаните ќе може да ги добиваат потребните информации, но и да пријават ако некој не ги почитува препораките, не е во самоизолација, а се вратил во земјава од ризични подрачја, односно земји кои СЗО ги прогласи како територии со висок и среден ризик.

Министерот за здравство Венко Филипче посочи дека мерката за децата да не одат во училиште и градинки не значи дека треба да се групираат по игротеки или игралишта.

– Поента е децата да не ги преполнуваат игротеките, да не бидат во поголеми групи. Убаво е секој да седи дома, но со оглед на убавото време не е лошо да се седи и надвор, на свеж воздху, но сепак тоа да биде во помали групи – изјави министерот Венко Филипче.

Владата го задолжила МВР да ги санкционира и оние што шират лажни вести и паника, преку социјалните мрежи и интернет поратлите, а ќе има кривични и за работодавците и фирмите кои ќе постапуваат спроотивно на препораките од Комисијата за заразни болести.

Во меѓувреме СЗО доцна попладнето прогласи пандемија на Ковид 19, односно короната ја стави во групата зарази  што брзо се шират на голем географски простор. Филипче посочи дека тоа не е неочекувано бидејќи во многу земји многу се заразени од корона. Најави дека земјава ќе ги следи препораките на СЗО,а општите мерки после прогласувањето на пандемијата задолжително ќе бидат применети во нашиот здравствен систем.

Катерина Гетева

 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста