На два дена пред почетокот на грејната сезона ЕСМ уште нема добиено лиценца, засега гас има за само две недели

Три дена до стартот на грејната сезона, ЕСМ се уште чека за лиценца.  По неколку месечните натегања помеѓу ЕСМ и Адора  беше постигнат  договор за закуп на топланите „Исток“ и „Запад“ за државно изнајмување во вредност од 390 милиони евра и сега топката е кај Регулаторната комисија за енергетика.  Како што информираа од РКЕ сеуште ги разгледувале документите од договорот кој се постигна во 5 до 12 , а  процедурата налагала допрва да се закажат подготвителната и главната седница на која треба да се донесе одлука за лиценцата.

Во моментов се разгледуваат сите елементи. Регулаторната комисија ќе одржи подготвителна седница за трите лиценци за регулирано производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, а потоа ќе следи главна седница на која ќе се гласа за лиценцата  па ќе ја информираме јавноста, информиаа за АЛФА од РКЕ

Од Регулаторна уверуваат дека лиценцата ќе биде издадена на време и дека грејната сезона ќе стартува во сабота.   Од ЕСМ пак порачаа по потрошувачите и заедниците на сопственици да ги завршат интервенциите на внатрешна инсталацијаи  истото да се пријави во Центарот за грижа на потрошувачи на ЕСМ Снабдување . 

Дури и да почне навреме грејната сезона како што се уверувањата од сите засегнати страни, поголем проблем е што државава има обезбедено гас за само две недели, надлежните постојано уверуваат дека парно ќе има, па дури и Премиерот ни кажа дека тоа ќе се случело со загревање на топла вода во топланите. Новиот план на Ковачевски е Македонија да купува гас авансно на месечно ниво, уверува дека така ќе се заштити Буџетот иако цените на светските берзи постојано варираат поради војната во Украина,.

„Со тоа сакаме да го заштитиме буџетот на државата и да се земе оној енергенс којшто во моментот има најповолна цена или енергенс кој има поповолна цена од другите енергенси. Владата има многу јасен план на дневно ниво, комуницираме и со коморите меѓутоа и со добавувачите на енергенси со коишто државата има договори и коишто ги исполнуваат сите услови за работа со ЕСМ, изјави -Димитар Ковачевски, Претседател на Влада.

Експертската јавност со месеци наназад предупредува дека е клучно да проработи ТЕ – ТО за да има доволно гас за да се задоволи потребата за топлинска енергија. До каде се преговорите со ТЕ- ТО се уште е нејасно, а   Министерот за економија,  Крешник Бектеши уверува дека топлинска енергија ќе има за сите без разлика дали ќе работела ТЕ – ТО или не.

Ако не работи ТЕ-ТО во делот на производство на електрична енергија со чиј нус производ се обезбедуваат 60 до 70 отсто од производството на топлинска енергија за градот Скопје топланите Исток и Запад со набавката на гас ќе ја покријат целата потрошувачка во делот на топлинска енергија која ја има во градот Скопје. Ако работи ТЕ-ТО топланите Исток и Запад ќе работат со помал интензитет, рече Бектеши.

Доколку имало недостаток од гас , Владата ќе ги отвора и стоковите резерви.  Измените на Законот за стокови резерви треба да го помине на собраниска седница за да можат да се користат во случај на недостаток.  

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста