Ковачевски да излезе од под фустанот на ДУИ: Мицкоски го повика премиерот да се пресметаат на избори

Ковачевски да излезе од под фустанот на ДУИ: Мицкоски го повика премиерот да се пресметаат на избори

Ковачевски имал чудна смисла на хумор и доколку е сигурен дека неговата партија ќе победи на изборите, да не бега како кукавица и да се крие зад ДУИ, туку уште утре да излеземе на избори, порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според него опозицијата е подготвена утре да се распушти парламентот и веднаш да се оди на изброри.

  • „Чудна смисла за хумор има Ковачевски, морам да признам. Но, има само еден начин тоа да го покаже и докаже, наместо како кукавица да биде под фустанот на коалициониот партнер ДУИ, нека излезе на избори и ќе видиме кој кого ќе победи и какви ќе бидат резултатите. Еве јас го повикувам еднашка да се охрабри и да не биде кукавица, да не биде сокриен под фустаните на коалиционите партнери и нека излезе на избори за да се соочиме пред граѓаните. И да видиме кој е тој, дали тој навистина ќе не победи, или пак резултатот ќе биде поинаков. Нека не чека, ние сме подготвени уште утре да се распушти Парламентот  и веднаш да одиме на избори.. “, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Сакале или не СДСМ и ДУИ рокот за избори ќе дојдат, па прашањата околу гласањето ќе мора да се стават на маса.  Со тоа што одбиваат лидерска средба, власта прави преседан, со кој ризикува да ја внесеме држвата во политичка и уставна криза.

  • „ Ако не прифаќаат лидерска средба, роковите ќе дојдат. Уставот и законите се немилосрдни. За неколку месеци од денеска почнуваме со кампања за претседателските избори што треба да се случат оваа пролет. Така што, дали датумот ќе биде утврден со лидерска средба или по насилен пат во ред. Тоа е нивна одлука. Ние ценевме дека е државнички пристапот да седнеме како што  било пракса повеќе од три децении да се утврдат датумите за да не влеземе потоа во еден вид политичка и уставна криза. Цениме дека како опозиција треба да бидеме државотворни и одговорни за иднината на Македонија“, рече Мицкоски.

Не само Мицкоски, и партиите од албанскиот опозициски блок бараат лидерска на која ќе се договори датумот за претседателските и парламентарните избори да се бидат истровремено, но власта инститира на одвоени процеси иако се со временска разлика од не цели два месеци.

Законските норми предвидуваат избор на нов претседател во последните 60 дена од истекот на стариот мандат, а новиот состав на Парламентот се бира на 90 дена пред истекот на постојниот.

Последен термин за вториот круг од претседателските избори е 5 мај идната година, кога православните христијани го слават Велигден.

Последниот ден за распуштање на Собранието е 7 април кога треба да започне за функционира техничка влада која ги треба и да ги спроведе изборите.

Па според пресметките за рокови, меѓу двата изборни циклуси има само 2 месеци, па практично, нема никаква пречка изборните процеси да бидат споени, што е најлогично и економично за опозицијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )