Катастарските услуги преку ноќ поскапеа и до 300%

До 300 отсто поскапени катастарските услуги. Со новиот тарифник од 11.11, од денес веќе катаскарските услуги се наплатуваат поскапо. Ако до пред една недела услуга за имотен лист чинеше 180 денари, денес истата чини 250 денари.

Граѓаните кои ги затекнавме пред Агенцијата за недвижности во скопје, велат дека платиле поскапо од претходно. Дел од нив не забележале разлика во цените со оглед дека не ја користат често оваа услуга

Според тарифникот  кога податоците од катастар се користат за нови производи, висината се зголемува за 300 отсто

Кога податоците од Геодетско катастарскиот информационен систем се користат за формирање на нови производи со додадена вредност во комерцијални цели, висината на надоместокот пропишана со овој тарифник се зголемува за 300 %. Со денот на влегувањето во сила на овој тарифник престануваат да важат Тарифникот за висина на надоместокот за користење и увид на податоците од Геодетско- катастарскиот информационен систем

Според  граѓаните пораснати се и цените за спроведување на договор претходно заверен на нотар. Од 300 сега ќе чини 1250 денари, за таканаречениот историјат наместо 600 сега ќе се издвојуваат 750 денари.

Останатите услуги, исто така имаат повисоки цени, но крајната ја пресметува системот, цените ги пресметува системот.

Од Агенцијата за катастар на недвижности засега не одговорија на прашањта на Алфа на што се должат новите цени и зошто биле воведени.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста