ДЕНВЕР СО ПРЕСВРТ НАД ЈУТА ЗА ПОЛУФИНАЛЕ СО КЛИПЕРС, БОСТОН ИМА 2-0 ПРОТИВ ТОРОНТО

Ретко која екипа од негатива 3-1 се враќа во игра, а потоа слави прогрес во наредната фаза од НБА плејофот. Тоа синоќа им успеа на Денвер откако на мајсторката со Јута триумфираа со 80-78. Клучна улога имаше Никола Јокиќ со неколку реализирани напади во низа, за финален учинок од 30 поени и 14 скока. Јута во последните 17 секунди не искористи два напади, и долго ќе жали за пропуштените три меч топки. Денвер е само 12тата екипа во историјата на НБА која од негатива 3-1 на крајот обезбеди пласман во полуфиналето на Запад, каде за противник го има тимот на ЛА Клиперс. На добар пат кон финалето на Исток е Бостон откако по втор пат го шокира шампионот Торонто. Момците на Бред Стивенс со тесни 102-99 поведоа со 2-0 во серијата, во која повторно одличен беше Џејсон Тејтум со 34 поени. Нивните трет меѓусебен меч се игра утревечер, 30 минути по полноќ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста